Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
С О О П Ш Т Е Н И Е
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14 , 44/2015, 193/2015 , 31/2016, 163/16), Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното
Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека Градоначалникот на Општина Кочани донесе Одлука за организирање јавна презентација и јавна анкета по Предлог Детален урбанистички план за ГРАДСКА ЧЕТВРТ 9 , за проект “ КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ“ КО Кочани , Општина Кочани Република Македонија (плански период 2016-2021) со тех. бр. С4016 од февруари 2017, изработен од Агенција за планирање на просторот, со површина на плански опфат 16,48 ха. Местоположбата на планскиот опфат е во западниот дел на градот. Границата на планскиот опфат е дефинирана по осовина на улиците : север ул. „Февруарски поход“, ул. „ Ѓорче петрив“ и ул. „ 1-ви Мај“; исток: „ Роза Петрова“; југ: „ осовина на регулирано коритона десен магистрален канал; од запад: ул. „ 594“.



Јавна презентација по Предлог Детален урбанистички план за ГРАДСКА ЧЕТВРТ 9 , за проект “ КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ“ КО Кочани , Општина Кочани Република Македонија (плански период 2016-2021), ќе се одржи на ден 27.04.2017г. со почеток во 1200 часот во салата на Советот на Општина Кочани.



Јавна анкета по Предлог Детален урбанистички план за ГРАДСКА ЧЕТВРТ 9 , за проект “ КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ“ КО Кочани , Општина Кочани Република Македонија (плански период 2016-2021), ќе трае 20 работни дена , а ќе се спроведе во периодот од 18.04.2017 год. до 17.05.2017 год. , во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, и од веб страната на Општина Кочани , или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копие од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

Графичкиот прилог на Предлог Детален урбанистички план за ГРАДСКА ЧЕТВРТ 9 , за проект “ КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ“ КО Кочани , Општина Кочани Република Македонија (плански период 2016-2021) ке биде изложен на огласна табла пред зградата на Општина Кочани, и на веб страната на општината www.kocani.gov.mk , а подетални информации во врска со деталниот урбанистички план ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.

Untitled Document
Локалитети