Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
ПОВИК
ПОВИК
Општина Кочани во соработка со Сојузот на спортови - Кочани и Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2016 година.

На манифестацијата ќе се изберат:

- најдобар спортист за 2016 година;

- најдобар млад надежен спортист;

- најдобра екипа;

- најдобар тренер;

- спортски работник.

Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани во општина Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација.

При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари).

Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број.

Рокот за пријавување е до 20 јануари 2017 година, а документите се доставуваат до Одделението за јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.

Телефони за контакт: 033 274 001 локал 116; 072 275 610

Општина Кочани

Одделение за јавни дејности

Untitled Document
Локалитети