Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
К О Н К У Р С
Врз основа на членот 5, став 2 од Правилникот за доделување стипендии на спортист-спортска надеж на општината Кочани бр.08-498/1 од 23.02.2010 година, Правилникот за измена на Правилникот за доделување на стипендии на спортист – спортска надеж на општината Кочани бр.01-58/1 од 04.01.2011 година и Правилникот за изменување и дополнување на стипендии на спортист – спортска надеж на општина Кочани бр. 08-2553/2 од 30.12.2015 година, Градоначалникот на Општина Кочани распишува
Општина Кочани доделува 1 (една) стипендија на спортист – спортска надеж на општина Кочани за остварени спортски резултати и достигнувања во 2016 година.

Износот на стипендијата изнесува 3.000,00 денари месечно.

Стипендијата се доделува за време од 6 (шест) месеци, во текот на 2017 година.

Средствата ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кочани за 2017 година.



I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА



Право на стипендија имаат кандидатите кои се:

1. Жители на општина Кочани;

2. На возраст од 17-20 години;

3. Членови на спортски клуб, друштво или асоцијација регистрирана во Агенцијата за млади и спорт со решение за вршење дејност спорт;

4. Членови на национални спортски федерации кои реализираат национални спортски систем на натпревари и учествуваат во меѓународни натпревари за возрасни категории до 20 години;

5. Спортисти во индивидуални спортови врз основа на остварени спортски резултати според утврдена Ранг-листа на најуспешните млади спортисти до 20 години од страна на националната спортска федерација;

6. Спортисти во екипни спортови врз основа на составот на репрезентациите до 20 години според утврдена Ранг-листа на најуспешните млади спортисти до 20 години од соодветниот спорт, подготвени од страна на националните спортски федерации.

7. Учесници на национални или на меѓународни систем-натпревари во некои од следните спортови:

- борење;

- велосипедизам;

- гимнастика;

- карате;

- кошарка (машка и женска);

- скијање;

- тенис;

- триатлон;

- фудбал (машки и женски) и

- шах.



II. КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА



За доделување стипендија се утврдени следниве критериуми:



1. За учество на национални систем-натпревари - 5 бода;

2. За освоено место на национални систем-натпревари:

- I место - 15 бода;

- II место - 10 бода;

- III место -5 бода;

3. За учество на меѓународни систем-натпревари - 10 бода;

4. За освоено место на меѓународни систем-натпревари:

- I место - 20 бода;

- II место - 15 бода;

- III место - 10 бода;



5. За приложен Календар со предвидени идни учества на спортски натпревари во национални или меѓународни системи - 10 бода;



III. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Потребни документи за пријавување

• Пријава од кандидатот со назнака „Пријава по Конкурс за доделување на 1 (една) стипендиja на спортист – спортска надеж на општина Кочани“

(се пополнува Образецот на пријавата која следи кон објавениот Конкурс),

• Кратка биографија на кандидатот - CV ,

• Фотокопија од Решение за упис во регистарот на Агенцијата за млади и спорт на спортското друштво, клубот или асоцијацијата каде членува кандидатот;

• Фотокопија од лична карта на кандидатот;

• Уверение од Националната спортска федерација (НСФ) за постигнати резултати на кандидатот во спортски натпревари од републички или меѓународен карактер;

• Календар од НСФ за идни учества на кандидатот на спортски натпревари од национален или меѓународен карактер (доколку има);





Рокот за пријавување е до 17.01.2017 година.

Пријавата на кандидатот и потребната документација се доставуваат до Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани или по пошта на адреса:

Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани.

Градоначалник на Општина Кочани

Ратко Димитровски

Untitled Document
Локалитети