Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Одлука
Врз основа на член 78 став 1 и 3 од Изборниот законик (Сл.Весник на Р.М. бр.40/06) и член 36 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа („Сл.Весник на Р.М.“бр.5/02) Советот на општина Кочани на седницата одржана на ден 09.06. 2006 година, донесе
Одлука за утврдување на места за истакнување на изборни плакати и утврдување на услови за добивање право за користење на местата за истакнување на изборни плакати на подрачјето на општина Кочани
Член 1

Во градот Кочани се определуваат следните места за истакнување на изборни плакати

1.Оградниот зид на ул.4-та Македонска бригада „

2.Оградниот зид на ул.„29 -ти Ноември“ на потегот,што води кон село Оризари.

3.Потпорниот зид пред зградите на ул.29-ти Ноември што се наога спроти Бензинската пумпа.

4.Рекламните паноа што се разместени ,по градот а се наогаат на следните места во центарот на градот ,кај хотел Центар,во„ Стришани„ кај пазарчето и кај автобуска станица.

Во селата во општина Кочани ,како места за истакнување на изборни плакати се определуват вообичаените места каде се истакнуват соопштенија и други известувања за граганите од соодветното место.

Изборни плакати може да се истакнуваат и на стамбени или други стамбени објекти со претходна согласност од сопственикот .

Член 2

На местата за истакнување на изборни плакати определни во член 1 став 1 и 2 од оваа одлука изборните плакати се истакнуваат без надоместок.

Член 3

Изборни плакати исто така можат да се истакнуваат и на рекламните паноа -билборди што се поставени во градот Кочани на улиците Кеј на Револуцијата,Маршал Тито и на излазот на градот ,на начин и под услови што ке ги определат корисниците на билбордите.

Член 4

Право за користење на местата за истакнување на изборните плакати на местата определени во членот 1 став 1 и 2 на овааа одлука се добива под следните услови

- Организаторот на изборна кампања да има потврдено Листи на кандидати за избор на претседтел на републиката,пратеници,членови на совет и за Градоначалник , од надлежната изборна комисија.

- Организаторите на иборна кампања од став 1 алинеа 1 од овој член да поднесат барање до Градоначалникот на општина Кочани најдоцна 3(три) дена пред законскиот рок (дваесет дена пред денот на одржување на изборите) .

- Редоследот на истакнување на изборните плакати на организаторите на изборната кампања ке биде определен по пат ждрепка што ке ја спроведе општинската администрациаја.

Член 5

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ке се објави во „Службен гласник на општина Кочани“.



Бр. 07-1058/1

09.06.2006 година

Кочани

Претседател

на Советот на општина Кочани,

Георги Петров



Забелешка:

1. Улицата „29-ти Ноември“ со Одлука на Советот на Општина Кочани е преименувана во ул.„Тодосија Паунов“.

2. Улицата „Маршал Тито“ со Одлука на Советот на Општина Кочани е преименувана во ул.„ВМРО“.

Untitled Document
Локалитети