Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Конкурс за доделување на стипендии
Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (“Сл. Весник на РМ“ бр.5/02), а во врска со член 6 ст.2 од Правилникот за доделување на стипендии на студенти од општина Кочани бр.01-2503/1 од 02.10.2012 година, Правилник за изменување на Правилникот за доделување на стипендии на студенти од општина Кочани бр.08-2548/1 од 12.11.2013 година и Правилник за изменување на Правилникот за доделување на стипендии на студенти од општина Кочани бр.08-1910/1 од 17.09.2014 година, Градоначалникот на Општина Кочани распишува
Општина Кочани за студиската 2016/2017 година ќе додели стипендии за студенти од општина Кочани, од кои една на студент од Ромската етничка заедница, во согласност со Правилникот за доделување на стипендии на студенти од општина Кочани бр.01-2503/1 од 02.10.2012 година, Правилник за изменување на Правилникот за доделување на стипендии на студенти од општина Кочани бр.08-2548/1 од 12.11.2013 година и Правилник за изменување на Правилникот за доделување на стипендии на студенти од општина Кочани бр.08-1910/1 од 17.09.2014 година, објавени на веб страната на Општина Кочани.

Постапката за доделување на стипендии на студенти од општина Кочани за студиската 2016/2017 година ќе се спроведе во согласност со условите утврдени во Правилникот за доделување на стипендии на студенти од општина Кочани бр.01-2503/1 од 02.10.2012 година, Правилник за изменување на Правилникот за доделување на стипендии на студенти од општина Кочани бр.08-2548/1 од 12.11.2013 година и Правилник за изменување на Правилникот за доделување на стипендии на студенти од општина Кочани бр.08-1910/1 од 17.09.2014 година, објавени на веб страната http://www.kocani.gov.mk/ на Општина Кочани.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат студенти кои се:

1. Жители на општина Кочани (од градот Кочани и населените места кои припаѓаат на општина Кочани);

2. Државјани на Република Македонија;

3. Редовни студенти;

4. Не повторувале година во текот на студирањето;

5. Не се корисници на стипендија или кредит од други институции или компании;

6. Студентите кои се заинтересирани за стипендија можат да се пријават започнувајќи од втората студиска година;

Поднесените документи ќе се бодуваат со бодови според утврдените Критериуми за доделување на стипендии бр.08-1910/2 од 19.09.2014 год..

Критериумите за доделување на стипендии се:

1. Остварен успех во текот на студирањето најмалку 8 (осум),............најмногу 70 бода

2. Дефицитарност на кадрите утврдена со одлука на Градоначалникот на општина Кочани..........................................................................................................најмногу 5 бода

3. Материјалните можности на студентот и неговото семејство кое ќе се утврди врз основа на месечните примања по член од семејство во однос на просечната исплатена плата по вработен во Република Македонија во последните 3 месеци............................................................................................................најмногу 20 бода

4. Дете на самохран родител .........................................................................најмногу 5 бода;

- За студенти од Ромската етничка заедница не важи критериумот од точка 1;



- Приоритет за добивање на стипендија за студирање на високообразовните установи во Република Македонија имаат децата кои се без родители и деца кои до полнолетството престојувале во домови за згрижување на деца во Република Македонија. За овие случаи не се применуваат горенавените критериуми.

II. НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВА

За поднесување на уредна документација потребно е студентот да ги приложи следните потребни документи:

1. Пријава од студентот, која содржи основни податоци за подносителот: име, татково име и презиме, ЕМБГ, адреса на живеење, моб.телефон за контакт, факултетот на кој студира,

2. Потврда за редовно запишан зимски семестар за соодветната студиска година,

3. Уверение со број на предвидени и положени испити во претходните години во кое ќе биде наведено дека кандидатот има положено 90% од испитите од претходните години,

4. Уверение за приходи од земјоделска или друга дејност на студентот и на членовите од неговото семејство,

5. Потврда за висината на платите на членовите на семејството на студентот;

6. За членовите на семејството на студентот, пензионери - испратница од пензија за последниот месец,

7. За невработените членови на семејството на студентот, потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок.

8. Изјава за семејната состојба на студентот,

9. Фотокопија од лична карта на студентот,

10. Изјава одстудентот дека не е корисник на стипендија или кредит од други установи, институции или компании,

11. Изјава од студентот дека дава согласност неговите лични податоци да бидат употребени и користени во постапката за доделување на стипендија,

12. Изјава од студентот дека дава точни податоци поврзани со правото на остварување на правото на стипендија и дека е свесен дека во случај на давање на неточни податоци Договорот за користење на стипендијата ќе му биде раскинат и е должен исплатените стипендии/средства да ги врати на Општина Кочани.

- Непотполната документација нема да биде разгледувана.

- Пријавата заедно со документите се доставуваат до: Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани или по пошта на адреса: Општина Кочани, улица “Раде Кратовче“ бр.1 Кочани.

- Краен рок за поднесување на пријавата и документите за стипендија е до 17.10.2016 година до 16:00 часот. Секоја пријава која е поднесена по утврдениот рок и време ќе се смета за задоцннета и нема да биде разгледувана.

- Со студентите на кои им е доделена стипендија ќе се склучат договори, во кој подетално ќе се уредат начинот и условите за користење на стипендијата.

- Студентите на кои им е доделена стипендија имаат обврска да извршуваат практична работа во органите на општината во траење од 15 дена за време на летниот распуст т.е. во месеците Јули и Август.



Градоначалник на

Општина Кочани

Ратко Димитровски

Untitled Document
Локалитети