Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија" бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 192/15, 39/16), Градоначалникот на Општина Кочани, на ден 16.09.2016 година, донесе
1. За планскиот документ на Локална урбанистичка планска документација за пречистителна станица на КП 802 и дел од КП 797 КО Мојанци општина Кочани, кој го донесува Градоначалникот на општина Кочани потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

2. Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ Локална урбанистичка планска документација за пречистителна станица на КП 802 и дел од КП 797 КО Мојанци општина Кочани се определуваат: Локална Самоуправа на општина Кочани, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за здравство, Министерство за транспорт и врски, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Агенција за државни патишта, Агенција за енергетика, ЕЛЕМ, ЕВН, Министерство за економија, Македонски телекомуникации, KЈП „Водовод“ Кочани и други комунални претпријатија, Невладини организации, Еколошки друштва, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.

3. За планскиот документ на Локална урбанистичка планска документација за пречистителна станица на КП 802 и дел од КП 797 КО Мојанци општина Кочани, за чија изработка е одговорно Општина Кочани, а го донесува Градоначалникот на Општина Кочани, донесувањето на планскиот документ Локална урбанистичка планска документација за пречистителна станица на КП 802 и дел од КП 797 КО Мојанци општина Кочани, ќе има влијание врз животната средина.

4. Обемот на Извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: влијанија врз населението и човековото здравје, влијанија врз социо- економската состојба, влијанија врз квалитет на амбиентниот воздух, влијание врз квалитет на површински и подземни води, влијание врз почва, влијанија поврзани со управување со отпад, влијание од бучава, влијание биолошка разновидност, влијание врз предел, влијание врз материјални добра, влијание врз културно и историско наследство, влијание од несреќи и хаварии.

5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Кочани на следната адреса: http://kocani.gov.mk/.

6. Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животната средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната.

Untitled Document
Локалитети