Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Одлука за организирање на јавна расправа
Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр 5/2002) , Градоначалникот на Општина Кочани, донесе
Одлука за организирање на јавна расправа
Член 1

Со оваа Одлука се организира јавна расправа во врска со измената на режимот на сообраќај на следните улици во градот Кочани:

1.Улицата „Илинденска“ да биде еднонасочна од Православниот храм„Св.Ѓорѓи“ до „Средновековната кула“, односно спој со ул.„Д-р Николич“, а левиот крак од оваа улица до спојот со ул.„14-та бригада’.

2.Улицата „Д-р Николич“ да биде еднонасочна од „Црвениот крст“ кон управната зграда на КЈП„Водовод“- Кочани. Еднонасочни би биле и двете споредни улици кои ги поврзуваат улиците „Гоце Делчев“ и „Д-р Николич“ при што едната која се наоѓа јужно од зградата на „ЕВН Македонија“ од ул.„Гоце Делчев“ кон ул.„Д-р Николич“,а другата која се наоѓа северно од зградата на „ЕВН Македонија“, односно од ул.„Д-р Николич“ кон ул.„Гоце Делчев“.

3.Улицата „ВМРО“ на потегот од кај крстосницата кај двојниот мост до мостот кај „Шопинг центарот“ и улицата „Ќеј на Револуцијата“ од новиот мост кај „Шопинг центарот“ до кружниот тек да бидат еднонасочни.Движењето на возилата по улиците „Ќеј на Револуцијата“и „Тодосија Паунов“ да биде север- југ, односно да се вози само во правец од кај мостот до кружниот тек кај Полициската станица. На улицата „ВМРО“ би се возело обратно, само од југ кон север, односно од кај двојниот мост во правец на „Шошинг центарот“.

Член 2

Заинтересираните граѓани и правни лица од конкретните улици можат да изнесуваат забелешки, предлози и мислења во врска со предложената измена на режимот на сообраќај на овие улици.

Член 3

Предлогот за измена на режимот на сообраќај на наведените улици ќе биде изложен на огласна табла пред влезот на зградата на Општина Кочани и на Веб страната на општината www.kocani .gov.mk.

Член 4

Јавната расправа ќе се одржи на ден 30.08.2016 година (вторник) со почеток во 10.00 часот во салата на Советот на Општина Кочани(сала за венчавање).

Член 5

Одлуката ќе биде објавено во локалните медиуми.

Untitled Document
Локалитети