Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Jавна презентација и јавна анкета
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14 , 44/2015, 193/2015 и 31/2016), Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното С О О П Ш Т Е Н И Е Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека Градоначалникот на Општина Кочани донесе Одлука за организирање јавна презентација и јавна анкета по Детален урбанистички план Измена и дополнување на урбан модул 7 од изменување и дополнување на ДУП на дел од град Кочани локалитет Прокарка 2003-2008 Општина Кочани , со Тех.бр. 0801/64/16 од мај 2016г., изработен од ДПУП „ БИЛД“ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, со површина од 0,99 ха.Местоположбата на планскиот опфат е во западниот дел на градот. Границата на планскиот опфат е дефинирана по осовина на планирани улици “ Роза Петрова“ од запад, “ Стефка Тасева “ од исток, “554“ од север, и ул.„ Скопска“ од југ .
Јавна презентација по Детален урбанистички план Измена и дополнување на урбан модул 7 од изменување и дополнување на ДУП на дел од град Кочани локалитет Прокарка 2003-2008 Општина Кочани, ќе се одржи на ден 16.06.2016 г. со почеток во 11 00 часот во салата на Советот на Општина Кочани.

Јавна анкета по Детален урбанистички план Измена и дополнување на урбан модул 7 од изменување и дополнување на ДУП на дел од град Кочани локалитет Прокарка 2003-2008 Општина Кочани, ќе се спроведе во периодот од 09.06.2016 год. до 24.06.2016 год., во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, и од веб страната на Општина Кочани , или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копие од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

Графичкиот прилог на Детален урбанистички план Измена и дополнување на урбан модул 7 од изменување и дополнување на ДУП на дел од град Кочани локалитет Прокарка 2003-2008 Општина Кочани ке биде изложен на огласна табла пред зградата на Општина Кочани, и на веб страната на општината www.kocani.gov.mk , а подетални информации во врска со деталниот урбанистички план ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.



Untitled Document
Локалитети