Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Образовна инфраструктура
Основни училишта

ОУ „Св. Кирил и Методиј“

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ е изградено 1974 година, во состав на ОУ„Моша Пијаде“ - Кочани. Од 1982 год. се издвојува како самостојно училиште. Лоцирано е во централното градско подрачје, а во неговиот состав работат и две подрачни училишта - во с. Горни Подлог каде се одвива настава од прво до деветто одделение и во селото Бели - од прво до петто одделение со настава во комбинирани паралелки.

ОУ „Никола Карев“

Во ОУ „Никола Карев“ покрај редовната настава од прво до деветто одделение, е овозможен продолжен престој за една паралелка ученици. Од март 2013 година, во употреба е Спортската сала „Никола Карев“, која се наоѓа во дворот на училиштето. Наменета е исклучиво за малите спортови, со капацитет од 500 седишта во публиката, кабинети, гардероби, реквизити. Во неа се изведуваат наставата по физичко и здравствено образование и други спортски настани.

ОУ „Малина Попиванова“

Училиштето „Малина Попиванова“ е основано во 1985 год. и е единствено училиште во Кочани кое опфаќа ученици со посебни потреби - лесен ментален хендикеп. Располага со две училишни згради и една спортска сала. Во ова училиште се реализира проектот за Образовна ресоцијализација на деца кои не се опфатени со редовно образование.

ОУ „Раде Кратовче“

ОУ „Раде Кратовче“ постои од 1936 година и е најстарото училиште во Кочани. Во состав на училиштето работи едно подрачно училиште во селото Нивичани, каде се одвива настава од прво до деветто одделение во комбинирани паралелки.

ОУ „Раде Кратовче“ и во 2014 година (претходно во 2007, 2009, 2011) доби Зелено знаме од Светската организација ОХО, со што го потврди епитетот еко-училиште.

ОУ „Крсте Мисирков“

ОУ „Крсте П. Мисирков” се наоѓа во централното подрачје на кочанската населба Оризари. Во состав на училиштето работи едно подрачно училиште во селото Прибачево, каде се одвива настава од прво до трето одделение во една комбинирана паралелка. Потоа од четврто до деветто одделение учениците го продолжуваат школувањето во училиштето во Оризари.

Основно музичко училиште „Ристо Јуруков“

Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани е основано 1956 год. Тоа претставува современа воспитно-образовна институција, во која учат 160 ученици, а нив ги образуваат 11 наставници. Музичкото училиште е посебно препознатливо по организацијата на традиционалниот Новогодишен концерт во кој се вклучени околу двесте поранешни и сегашни ученици и наставници од ова училиште.

Средни училишта

СОУ „Љупчо Сантов“

Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ Кочани е основано 1960 година. Со цел теоретски да се образуваат и практично да се подготвуваат економски техничари во Источна Македонија, од 1.9.1964 година, во составот на Гимназијата „Љупчо Сантов“ е воведена економска струка.

Денес, СОУ „Љупчо Сантов“ е модерна образовна институција, која нуди современа настава. Во учебната 2014/2015 година се запишани 728 ученици од кои во гимназиските паралелки 338, а во економските паралелки 390 ученици. Училиштето има 70 вработени. СОУ „Гошо Викентиев“

„Гошо Викентиев“ е средно техничко училиште основано 1963 година. Во училиштето има три струки со повеќе профили: машинска, електротехничка и сообраќајна струка. Во учебната 2014/2015 година во училиштето се образуваат 860 ученици во 40 паралелки и 104 вработени.
Untitled Document
Локалитети