Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Настани
Од 11 февруари – измена на режимот на сообраќајот во централното градско подрачје на Кочани
Општина Кочани ги известува граѓаните дека од 11 февруари 2017 година ќе биде воведена измена на режимот во сообраќајот во централното градско подрачје.

Сообраќајот на улицата „ВМРО“ (поранешна „Маршал Тито“) ќе се одвива во еден правец во насоката југ-север односно од Двојниот мост кон Плоштадот, а на „Кеј на Револуцијата“ во насоката север-југ, од Плоштадот кон Кружниот тек.

Сообраќајот на улицата „Доктор Николиќ“ ќе биде еднонасочен во правец од Црвен крст до управната зграда на КЈП „Водовод“, а на „Илинденска“ во правец од црквата „Св. Ѓорѓи“ до Црвен крст.

На учесниците во сообраќајот ќе им бидат остапени две седмици како период за прилогодување кон изменетиот режим, а предвиден е и период за превенција.

Изменетиот режим во сообраќајот ќе внесе измени и во трасата на градскиот превоз, за што граѓаните дополнително ќе бидат известени.
Untitled Document
Локалитети