Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Настани
53 седница на Советот на Општина Кочани
Врз основа на членот 33, став 1, алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/06, 2/012 и 5/015) ја СВИКУВАМ 53. седница на Советот на Општина Кочани за 21.10.2016 година (петок), со почеток во 9:00 часот во салата на Советот на Општина Кочани со следниот предлог за Дневен ред



1. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за третиот квартал од 2016 година

2. Буџетски календар за 2017 година

3. Извештај за работењето на ЈОУДГ„Павлина Велјанова”- Кочани за 2015-2016 година и Програма за работа за 2016-2017 година.

4. Барање согласност за поголем број деца во воспитните групи од бројот на деца утврден со Закон во воспитната 2016/2017 година

5. Предлог-решение за именување член на Управниот одбор на ЈОУДГ„Павлина Велјанова“ – Кочани.

6. Предлог-решение за разрешување и именување членови на Училишниот одбор на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани

7. Ценовник за изменување и дополнување на Ценовникот за користење на салите во градот Кочани дадени на користење и управување на ОУ „Св.Кирил и Методиј“ – Кочани и ОУ „Никола Карев“ – Кочани

8. Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената за КП бр.16886 КО Кочани; за КП бр.11076/1 КО Кочани

9. Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од планскиот опфат за КП бр.3693/1 КО Бели.



________________________________________________________



Посебно известување: Пред почетокот на 53-тата седница, членовите на Советот ќе ја проследат презентацијата на „Проектот за третман на отпадни води во Кочани“ од страна на консултантот на Ернст Баслер + Партнер АГ од Швајцарија, по која ќе се води и расправа.



Претседател

на Советот на Општина Кочани,

Јордан Димитров

Untitled Document
Локалитети