Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Настани
Се враќа ридско-брзинската трка на патеката кон Пониква
На 23 и 24 јуни на патеката кон Пониква, во должина од 6,3 км ќе се одржи автотрката „Кочани 2018“.

Автотраката на која ќе учествуваат 25 учесници во седум класи е дел од Првенството на Република Македонија. Организатор на трките е АКК „Примо авј“ од Скопје со техничка поддршка на Здружението на возачи од Кочани, а под покровителство на Општина Кочани.

Свеченото отворање е в недела во 12:30 ч., а в сабота од 9 до 13 ч. ќе се реализираат подготовките. Прогласувањето на победниците е предвидено за 17 часот.

Овој автомобилски натпревар се враќа во календарот на натпревари од Шампионатот на Република Македонија по десетина години.

Поради одржувањето на автотрката „Кочани 2018“, в сабота и недела (23 и 24 јуни 2018 г.) ќе биде затворен за сообраќај патот Кочани – Пониква, на потегот над Градската депонија до Шумската куќичка „Пашаџиково“.

В сабота, кога се подготовките за трката, прекинот на сообраќајот ќе трае од 11 до 17 ч., а в недела – од 9 до 17 ч., кога се очекува трката да заврши.
Untitled Document
Локалитети