Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Настани
Вечерните изданија на Новогодишниот концерт – на 26 и на 28 декември
На 26 и на 28 декември, со почеток во 19 ч. во салата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани ќе се одржи 16. издание на Новогодишниот концерт што го реализира Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани.

Годинава, под наслов Волшебната ноќ ќе бидат изведени класични и популарни, хорски и оркестарски новогодишни композиции од учениците и професорите на Музичкото училиште, под диригентство на проф. м-р Марија Лазарова.

Вообичаено, концертот организирано ќе го проследат и ученици од основните училишта од Кочани и околните општини.

Билетите за вечерните концерти на 26 и на 28 декември се продаваат на билетарницата во Центарот за култура „Бели мугри“, по цена од 150 ден.
Untitled Document
Локалитети