Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Настани
На 15 декември Советот ќе ја одржи четвртата редовна седница
Врз основа на членот 33, став 1, алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Сл. гласник на Општина Кочани“ бр. 5/06 и 2/012) ја свикувам 4. седница на Советот на Општина Кочани за 15.12.2017 година (петок), со почеток во 10.00 часот во салата на Советот на Општина Кочани со следниот предлог за

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Предлог-финансиски планови на општинските основни и средни училишта за 2018 година

2. Извештај за работењето на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2016/17 година и Програма за работа за 2017/18 година

3. Барање согласност за поголем број деца во воспитните групи од бројот утврден со закон во воспитната 2017/2018 година

4. Предлог-финансиски план на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2018 година

5. Предлог-финансиски план на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2018 година

6. Информација за извршување на жетвата и откуп на оризот во општина Кочани и осврт за извршувањето на есенската сеидба 2017 година на подрачјето на општина Кочани

7. Предлог-програма за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Кочани за 2018 година

8. Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 1 јануари до 30 септември 2017 година, со финансиски показатели

9. Предлог-програма за јавна чистота на општина Кочани за 2018 година

10. Предог-програма за одржување и користење на паркови и зеленило, набавка, поставување и одржување урбана опрема, одржување детски игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“ за 2018 година.

11. Предлог-програма за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2018 година

12. Предлог-програма за други комунални услуги, третман на кучињата скитници и други нерегистрирани кучиња во 2018 година

13. Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење без надоместок на инфраструктурен објект Цевковод од Брана Гратче до Хартија – Кочани на КЈП „Водовод“ Кочани

14. Барање согласност на Одлуката од КЈП „Водовод“ – Кочани за промена на вредноста на бодот за платите на вработените во КЈП „Водовод“ – Кочани, согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата во Република Македонија

15. Предлог-одлука за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на КЈП ,,Водовод“ – Кочани за регулиран период 2018 – 2020 година

16. Предлог-одлука за утврдување тарифа за собирање и одведување урбани отпадни води на КЈП ,,Водовод“ – Кочани за регулиран период 2018 – 2020 година

17. Предлог-одлука за утврдување тарифа за прочистување на отпадните води на КЈП „Водовод“ – Кочани за регулиран период 2018 – 2020 година.

18. Предлог-одлука за давање на користење без надоместок просторија (канцеларија), во објект сопственост на Општина Кочани, на Министерството за труд и социјална политика

19. Предлог-програма за култура на Општина Кочани за 2018 година

20. Правилник за начинот на организирање на културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз “

21. Предлог-програма за спорт на Општина Кочани за 2018 година

22. Правилник за доделување стипендии на спортист-спортска надеж на општина Кочани

23. Предлог-програма за поддршка на образованието на Општина Кочани за 2018 година

24. Правилник за доделување стипендии на студенти жители на општина Кочани

25. Предлог-програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Кочани за 2018 година

26. Предлог-програма за активностите на Општина Кочани од областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2018 година

27. Правилник за уредување на поблиските услови, критериуми и начинот на доделување еднократна помош во вид на социјални пакети за новородени деца од социјално загрозени семејства, жители на Општина Кочани

28. Правилник за уредување на начинот и условите на доделување на финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители на општина Кочани за набавување лекови кои не се наоѓаат на позитивната листа на лекови како и за купување карта за превоз за лекување во здравствена установа надвор од градот Кочани

29. Правилник за уредување на начинот и условите за доделување на финансиска помош на социјално загрозени граѓани на општина Кочани, жители на Општина Кочани за поправка и оспособување на станбен простор 30. Правилник за начинот на давање и примање подароци, водење евиденција за дадени и примени подароци и други прашања во врска со давањето и примањето подароци

31. Правилник за условите и начинот на користење на службените возила, сопственост на Општина Кочани и полнење на гориво за потребите на Општина Кочани

32. Предлог-програма за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2018 година

33. Предлог- програма за јавно осветлување во Општина Кочани за 2018 година

34. Предлог-програма за одржување на сливните решетки за атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2018 година

35. Предлог-програма за комуникација на општина Кочани за 2018 година

36. Локален акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2018 година

37. Предлог- програма за работа на Територијалната противпожарна единица во Кочани за 2018 година

38. Предлог-програма за работа на Советот на Општина Кочани за 2018 година

39. Годишен план за вработување во Општина Кочани за 2018 година

40. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за уредување на линискиот превоз на патници на подрачјето на општина Кочани

41. Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од планскиот опфат за КП бр.1312/1 КО Небојани; за КП бр.8325 КО Кочани; за КП бр.879/3 КО Тркање

42. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување критериуми за распределба на блок-дотации на општинските основни и средни училишта

43. Предлог-решение за разрешување на членовите и именување членови на Управниот одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани

44. Предлог-решение за разрешување на членовите и именување членови на Надзорниот одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани

45. Предлог-решение за разрешување вршител на должноста член и именување член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом – Кочани

46. Предлог-решение за утврдување предлог за разрешување и именување член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Кочани 47. Предлог-решение за разрешување членови и именување членови на Училишниот одбор на ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани

48. Предлог-решение за разрешување членови и именување членови на Училишниот одбор на ОУ „Никола Карев“ – Кочани

49. Предлог-решение за разрешување членови и именување членови на Училишниот одбор на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - с. Оризари, Кочани 50. Предлог-решение за разрешување членови и именување членови на Училишниот одбор на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани

51. Предлог-решение за разрешување членови и именување членови на Училишниот одбор на ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани

52. Предлог- решение за разрешување членови и именување членови на Училишниот одбор на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани

53. Предлог-решение за разрешување членови и именување членови на Училишниот одбор на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани

54. Предлог-решение за разрешување членови и именување членови на Училишниот одбор на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани

55. Предлог-решение за разрешување членови и именување членови на Управниот одбор на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани

56. Предлог-решение за разрешување и именување членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани

Расправа по Нацрт-буџетот на Општина Кочани за 2018 година



Претседател

на Советот на Општина Кочани,

Томе Солевски
Untitled Document
Локалитети