Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Настани
Во вторник започнуваат 26. „Денови на кочанскиот ориз“
Од утре, 26 септември започнува дваесет и шестото издание на најголемата културна манифестација во Кочани, „Денови на кочанскиот ориз“.

Манифестацијата ќе почне во 19 ч. со Изложба на ликовни дела на членовите на Школата за цртање и сликање што ќе се одржи во фоајето на Центарот за култура „Бели мугри“.

Централните настани – Изборот на жетварска убавица, Меѓународниот фолклорен концерт и традиционалните обичаи ќе се одржат на 29 и 30 септември и на 1 октомври. На Изборот на жетварска убавица ќе настапи Сара Мејс, в сабота вечер на Оризовата бела вечер во Трговскиот центар ќе гостуваат Игор Џамбазов и Гуру Харе, а в недела во Паркот на Револуцијата ќе пее Ефто Пупиновски.

Годинава на манифестацијата ќе учествуваат фолклорни, ритмички и музички состави од Србија, Бугарија, Црна Гора, Унгарија, како и играорците од ФА „Етнос“ од Скопје и „Пере Тошев“ од Прилеп.

За време на манифестацијата во Кочани ќе престојуваат делегации од седум држави: Кина, Украина, Унгарија, Словенија, Хрватска, Бугарија и Република Српска.
Untitled Document
Локалитети