Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Настани
Општина Кочани се подготвува за одбележување на Меѓународниот ден на Ромите
В недела, на 2 април, на игралиштето во населбата Трајаново Трло со почеток во 16 ч. ќе се одржи првиот натпрвар од турнирот во мал фудбал, со што во Кочани започнуваат активностите за одбележување на Светскиот ден на Ромите.

В петок, 7 април, со почеток од 10:30 часот, градоначалникот Ратко Димитровски и претставници од Советот на Општина Кочани ќе го посетат објектот „Ѕвездички“ од Детската градинка „Павлина Велјанова“ каде што се реализира проектот „Инклузија на деца Роми во градинките“.

На 8 април во 14:30 ч., на игралиштето во Трајаново Трло ќе се одржи културно-уметничка програма во која ќе учествуваат играорни групи и деца од кочанските училишта, ќе се избира ромска убавица и ќе се организира дегустација на традиционални ромски јадења.

Светскиот ден на Ромите, 8 Април, годинава Општина Кочани ќе го одбележи со програма којашто Одделението за јавни дејности ја подготвува во соработка со Урбаната заедница 4.

Untitled Document
Локалитети