Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Надлежност на Советот
Надлежноста на советот e:
(1) Советот:

1. Го донесува статутот на општините и други прописи.

2. Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината.

3. Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината во рамките утврдени со закон.

4. Основна јавни служби во рамките на надлежноста на општините и врши надзор над нивните работи.

5. Именува членови во управните одбори на јавните служби кои ги основа.

6. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавни служби кои ги основала општината.

7. Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишна сметка на општината.

8. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење,во согласност со закон.

9. Ги усвојува извештаите за работа и годишните сметки на јавните служби,кои ги основала општината.

10. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината.

11. Одлучува за начинот на вршење финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон.

12. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината.во согласност со закон.

13. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавна безбедност на подрачјето на општината,кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител.

14. Може да дава препораки на раководно лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавна безбедност и безбедност во сообракајот и

15. Врши други работи утврдени со закон.

(2) Доколку советот не ги усвои извештаите од ставот(1)точките(7) и(9) на овој член,може да покрене постапка за вршење на контрола над материјалното и финансиско работење пред надлежниот орган за надзор.

(3) Раководното лице од ставот(1)точка 12 на овој член е избрано ако за него гласале мнозинството од сите совети на општините, кои ги опфака подрачната единица на Нинистерството за внатрешни работи.
Untitled Document
Локалитети