Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Надлежност на Општината
Листа на надлежности
Член 22
(1) Општините се надлежни за вршење на следниве работи:

1. Урбанистичко (урбано и рурално) планирање, издавањето на одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со закон, уредувањето на просторот и уредувањето на градежното земјиште.

2. Заштита на шивотната средина и природата- мерки за заштита и спречување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучавата и нејонизирачкото зрачење.

3. Локалниот економски развој- планирање на локалниот економски развој, утврдување на развојните и структурните приоритети, водење на локална економска политика, подршка на развојот на малите и средни претпријатија и на претприемништвото на локално ниво и во тој контекс, ушество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство.

4. Комуналните дејности- снабдувањето со вода за пиење, испораката на технолошката вода, опведувањето и пречистувањето на отпадните води, јавното осветлување, одведувањето и третманот на атмосферските води, одржувањето на јавна чистота, собирање, транспортирање и постапување со комуналниот цврст и технолошки отпад, уредувањето и организирањето на јавниот локален превоз на патници, снабдувањето со природен гас и топлинска енергија, одржувањето на гробовите, гробиштата, крематориумите и давањето погребални услуги, изградбата, одржувањето, реконструкција и заштита на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти, регулирање на режимот на соовраќајот, изградбата и одржувањето на уличната сообраќајна сигнализација, изградбата и одржувањето на јавниот простор за паркирање, отсранувањето на непрописно паркираните возила, отстранувањето на хаварисаните возила од јавните површини, изградбата и одржувањето на пазарите, чистењето на оџаците, одржувањето и користењето на парковите, зеленилото, парк- шумите рекреативните површини, регулацијата, одржувањето и користењето на речните корита во урбанизираните делови, определувањето на имиња на улици, плоштади, мосови и други инфраструкрурни објекти.

5. Културата- институционалната и финансиската подршка на културните установи и проекти, негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности, организирањето културни манифестации, поттикнувањето на разновидни специфични форми на творештво.

6. Спортот и рекреацијата- развојот на масовниот спорт и рекреативните активности, организирањето на спортски приредби и манифестации, одржувањето и изведбата на објекти за спорт, поддршка на спортски сојузи.

7. Социјална заштита и заштита на децата- детски градинки и домови за стари (сопственост, финансирање, инвестиции и одршување), остварување на социјална грижа за инвалидите лица, децата без родители и родителска грижа, деца со воспитно- социјални проблеми, деца со посебни потреби, децата од едно- родителски семејства, децата на улица, децата изложени на социјален ризик, лицата засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол, подигање на свеста на населението, домување на лица со социјален ризик, остварувањер на право и воспитување на децата од предучилишна возраст. Вршењето на овие надлежности се во согласност со Националната програма за развој на социјалната заштита.

8. Образование- основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта, во соработка со централната власт, во согласност со закон, организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови.

9. Здравствена заштита- управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здравствена заштрита кои треба да вклучат застапеност на локалната самоуправа во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост, здравствено воспитување, унапредување на здравјето, превентивни активности, заштита на здравјето на работниците и заштита при работа, здравствен надзор над животната средина, надзор над заразните болести, помош на пациенти со специјални потреби (на пример ментално здравје, злоупотребана деца итн.) и другим области кои ќе бидат утврдени со закон.

10. Спроведување на подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвиклани од нив.

11. Противпожарна заштита што ја вршат територијалните противпожарни единици.

12. Надзор над вршењето на работите нејзина надлежност и

13. Други работи определени со закон.

(2) Надлежностите од ставот (1) на овој член се извршуваат согласно со стѕандардите и постапките утврдени си закон.

(3) Со закон се утврдуваат работите од надлежност на општината кои таа задолжително ќе ги врши.
Untitled Document
Локалитети