Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Водопадите на езерото Градче
Вештачкото езеро „Градче“ е сместено во подножјето на Осоговските Планини во извонредно живописна клисура, со мошне атрактивна околина и се наоѓа на околу 6 km северно од градот Кочани. Ова место е полн погодок кога се работи за одмор и пронаоѓање на мир и спокој од секојдневната градска бучава и напорен живот кој е составен дел од секојдневието. Шест километри возење низ природата северно од градот на оризот ве делат од малиот рај на земјата.

Овој предел, со оглед на фактот што е далеку од градот се карактеризира со мир, свеж воздух и прекрасна природа. Во околината на езерото постојат над 30 природни извори на вода.

Интересен податок е што на територијата на сегашното вештачко езеро, некаде пред педесетина години се наоѓало селото Долно Градче, но тогашните власти со цел да го заштитат Кочани од постојаните поплави од надојдените води од Осоговијата решиле да изградат брана на местото наречено „Рамна карпа“ кое се наоѓало веднаш под селото и било идеално.

Сите жители на селото биле раселени, некои во околните села, некои во градот Кочани. Во близина на браната се наоѓа и археолошкиот локалитет „Долно Градиште“, за кој археолозите наведуваат дека градбите во склоп на наоѓалиштето водат потекло од времето на Пајонија и Македонија од времето на Филип Втори. На самиот мост на браната се наоѓа споменик - плоча во чест на изградба на браната. Со мостот лесно се преминува од едниот на другиот брег.

Езерото е со должина од 3 km, широко е околу 2,5 km, а по патеките кои се наоѓаат околу него, може да се заобиколи целото езеро. Во функција на посетителите, на западниот брег на езерото се наоѓа хотелот „Градче“ кој има прекрасен поглед на езерото и на природата околу него, а близу хотелот, на самата брана на вештачкото езеро се наоѓа и стариот мотел со прекрасна тараса која е само неколку метри над нивото на водата.

Доста интересен е големиот водопад, кој настанал на чуден начин. Имено, во 1958 година била изградена помошна брана од камени блокови чија функција била да спречи нагло

надоаѓање на вода кон местото „Рамна скала“, каде што се градела денешната брана. Од надојдените гранки, камења и земја, помошната брана почнала да се полни со почва, па така со текот на годините се создал прекрасен водопад со висина од дваесеттина метриод водите на Голема река, од каде овие води се слеваат во вештачкото езеро. Водопадот е оддалечен од хотелот нешто повеќе од 1 km, но со следење на патоказите поставени на патот кој води до водопадот, лесно се стигнува до него.



http://vodopadikocani.mk/
Untitled Document
Локалитети