Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Градоначалник
Име и презиме: Ратко Димитровски
Дата на раѓање: 14.4.1956
Образование: Дипломиран графички инженер
Партија: ВМРО ДПМНЕ
Ратко Димитровски е роден на 14 април 1956 година, во Делчево. Своето основно и средно образование го завршил во родното место, додека студиите ги продолжил надвор од границите на државата. Вишата и високата стручна подготовка и звањето дипломиран графички инженер ги стекнува во Загреб, Хрватска. Димитровски е еден од првите графички инженери во Р. Македонија и денес е еден од врвните графички стручњаци во државава.

Од 1977 до 1990 година работи во печатницата „Младост“ во Кочани, а потоа кариерата ја продолжува во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, каде што работи до 1992 година и се стекнува со големо искуство.

Во 1990 година ја основа печатницата „Европа 92“ во Кочани, која почнувајќи од единствена линија за производство на компјутерски формулари, со следење на новите текови на графичката индустрија, денес важи за најсовремена и најопремена печатница во Македонија и пошироко во регионот.

Член на партијата ВМРО-ДПМНЕ станува во 1992 год. Активностите во партијата ги вршел на локално ниво, во Кочани, сѐ до неговиот поголем ангажман во 2005 година, кога станува кандидат за градоначалник на Кочани, како независен кандидат, поддржан од опозициските партии.

И покрај предложената добра програма и големата политичка поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, на нечесен начин ги губи изборите. Но, овде не згаснува и неговата желба за придонес во политиката на Република Македонија.

Веќе на Парламентарните избори во 2006 година станува пратеник во Собранието на Република Македонија, кандидиран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На Предвремените парламентарни избори во 2008 година повторно е избран за пратеник, каде останува до 2009 година.

На Локалните избори во 2009 година, од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ се кандидира и е избран за градоначалник на Кочани. Граѓаните го потврдуваат изборот на Димитровски и на Локалните избори во 2013 година, доверувајќи му го вториот градоначалнички мандат.

Untitled Document
Локалитети