Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Економски капацитети
Во Кочани традиционална стопанска гранка е земјоделството, за кое постојат одлични природни и агротехнички услови. Најголем дел од обработливите површини се наводнуваат поради што има изградено акумулациони објекти и разгранета каналска мрежа од 280 км. Оризот е најзначајна земјоделска култура со многувековна традиција, добри приноси и одличен квалитет. Годишно се сеат околу 4.000 хектари под ориз, со принос од околу 6.000 кг/ха. Исто така се одгледуваат и раноградинарски култури произведени во оранжерии, кои се затоплуваат со геотермална вода.

Во лесната индустрија преовладува преработката на текстил (конфекциско производство), дрвопреработувачката индустрија, градежништво и најголем број на малите и средни претпријатија се вклучени во трговската дејност.

Во Општина Кочани има активни 1.403 деловни субјекти (заклучно со 31.12.2013 год.) од кои 1.021 се микро, 370 мали, 11 средни и 1 големо претпријатие.

Деловните субјекти, главно, според главната дејност се распоредени по следните сектори: трговија (40%), преработувачка индустрија (17%), транспорт (6%), земјоделство (5%), градежништво (3%) и услужни дејности (7%), додека останатите проценти се однесуваат на образование, здравство, социјална заштита, финансиски дејности, административни работи, уметност, информации и комуникации и друго.
Untitled Document
Локалитети