Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Драмски аматерски фестивал
Драмскиот аматерски фестивал, кој во 2014 година го одбележа своето полувековно постоење, своето деби го имал во 1961 година во Скопје.

Почнал биенално, се одржувал секоја втора, а од 1969 секоја година.

Фестивалски градови-домаќини му биле и Штип, Струмица, Битола и Велес, а од 1977 редовно се одржува во Kочани.

На педесетгодишнината од ДАФ, градот на оризот беше фестивалски домаќин по 38 пат.

Првото име на фестивалот било Аматерска драмска ревија на Македонија, па Републичка смотра на аматерски драмски театри (РАДС), па Фестивал на аматерскиот и алтернативниот театар (ФААТ), а сегашното име Драмски аматерски фестивал (ДАФ) е од 2000 година.

Во педесетгодишното постоење одиграни се околу 750 претстави со 8.200 учесници што претставува импресивен биланс на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија (ДАФ). Речиси нема град во Македонија што не учествувал на Фестивалот - со алтернативен театар, аматерска драмска група од дом или од центар на културата, од училиште, факултет, па и од детска градинка.

Кочанскиот аматерски театар формиран при Центарот за култура „Бели мугри“ првпат настапил на Фестивалот во 1968 година со претставата „Кога жената е нема“.

Многумина од главно младите учесници на аматерските фестивали потоа завршиле академии и станале професионални актери, режисери. Други се познати професори, лекари, новинари, судии, трети се земјоделци или домаќинки. Љубовта кон театарот и драмската уметност кај нив никогаш не згаснала.

Значењето на фестивалот е големо ако се има предвид дека во светот, па и кај нас, аматеризмот е база на драмската уметност. Тешко може да се оформат добри драмски професионалци ако тие не ја минале фазата на драмски аматеризам, каде што се изградува и се воздигнува љубовта во театарот. Тоа се главно млади луѓе, но ги има и во зрела возраст. Многу текстови од познати светски автори кај нас прво се играни на аматерските, па потоа на професионалните сцени.
Untitled Document
Локалитети