На 16 февруари (четврток), со почеток во 18 часот, во ресторан „Аква Кочани“, ќе се одржи шестата последователна сесија од буџетскиот форум, кој Општина Кочани го спроведува во рамките на програмата „Форуми во заедницата“.

На претходните 5 форумски сесии, кои се реализираа во периодот октомври -декември 2016 година, граѓаните учествуваа во одредувањето на развојните приоритети на општината, кои станаа дел од Буџетот за 2017 година.

На шестата (последователна) сесија, градоначалникот и општинската администрација ќе дадат отчет за на реализацијата на форумские одлуки, планот и динамиката за реализација на проектите што граѓаните ги избраа како најприоритетни за оваа буџетска година.

Општина Кочани преку спроведување на буџетски форум со партиципативно учество на граѓаните, транспарентно го изготви буџетот на општината за 2017 година. Главна цел за реализирање на Програмата „Форуми во заедницата“ што се реализира во соработка со Швајцарската агенција за соработка и развој, ЗЕЛС и Единицата за координација на форумите е јакнење на демократскиот капацитет на локалните заедници и овозможување на граѓаните со сопствени идеи и предлози да учествуваат во развојот на локалната заедница.

Целта на буџетскиот форум е партиципативно учество на граѓаните во изготвување на реален буџет во согласност со потребите и приоритетите на локалната заедница.