На 26 февруари 2020 година (среда), во 9 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 36. редовна седница со следниот предлог-дневен ред:

1. Информација за санитарно-хигиенската и техничката состојба на предучилишните и за училишните установи во 2019 година

2. Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на КЈП „Водовод“ – Кочани

3. Извештаи за успехот и работењето на општинските основни и средни училишта за првото полугодие од учебната 2019/20 година

4. Програми на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани за изведување ученички екскурзии за трето, петто, шесто и деветто одделение; настава во природа за петто одделение и програми за еднодневни излети од прво до петто одделение и од шесто до деветто одделение, за учебната 2019/20 година

5. Програми на ООУ ,,Никола Карев“ – Кочани за екскурзии, настава во природа и излет, кои се планираат да се реализираат во мај 2020 година

6. Информација за малолетничката деликвенција на подрачјето на општина Кочани (наркоманија, алкохолизам)

7. Информација во врска со планот за наводнување во земјоделството на подрачјето на општина Кочани за 2020 година

8. Извештаи за реализација на Програмите за работа на општинските спортски сојузи: Општински фудбалски сојуз и Сојуз на училишни спортови во 2019 година

9. Извештај за работењето на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2019 година и Програма за работа за 2020 година

10. Извештај за реализација на Програмата за изградба и одржување на локалните патишта и улици во општина Кочани за 2019 година

11. Предлог-одлука за утврдување приоритни проекти.