Во општина Кочани на ден 16 Ноември 2016 (среда) со почеток во 18.00 часот во ресторан ,,Аква,, ќе се одржи третата форумска сесија од програмата „Форуми во заедницата“ – Буџетски форум во Општина Кочани.

Сите заинтересирани граѓани можат активно да се вклучат и да учествуваат во креирањето на буџетот на општина Кочани за 2017 година.

На дневниот ред на третата форумска сесија ќе биде презентацијата на анализата на предлозите за зголемување на приходите во буџетот на Општина Кочани на работната група дадени од граѓаните на втората форумска сесија. Исто така на оваа форумска сесија ќе биде разгледан и прегледот на планирани расходи по програми на Општина Кочани за 2017 година. Каде граѓаните ќе имаа можност да го кажат своето мислење, да дискутираат по програмите на општината но и да дадат свои предлози и видувања со што ќе можат дирекно да влијаат врз процесот на распределбата на буџетските средства во општината.

Општина Кочани преку спроведување на буџетски форум со партиципативно учество на граѓаните, транспарентно го изготвува буџетот на општината за 2017 година. Главна цел за реализирање на Програмата „Форуми во заедницата“ што се реализира во соработка со Швајцарската агенција за соработка и развој, ЗЕЛС и Единицата за координација на форумите е јакнење на демократскиот капацитет на локалните заедници и овозможување на граѓаните со сопствени идеи и предлози да учествуваат во развојот на локалната заедница.