Под наслов „Во име на љубовта и пролетта“, во просториите на Библиотеката „Искра“ во Кочани се одржа изложбено-поетски перформанс.

Пред кочанската публика беше претставен уметнички накит од циклусот „Љубовни пеперутки“ на Соња Драгољуб Гиздавиќ. За ликот и творештвото на Гиздавиќ, говореше директорката на „Искра“, Сузана Ѓорѓиева.

Настанот беше збогатен со настапот на членови на Литературниот клуб „Копнеж“ кои интерпретираа поезија инспирирана од љубовта.