В петок, на 15 мај со почеток во 11 часот во салата на Советот на Општина Кочани, ќе се одржи јавна презентација по Урбанистичкиот план вон населено место за Спортско-рекреативниот центар „Пониква“, нацрт-план 2014-2024 г.

Во периодот од 11-22 мај 2015 год., заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки, предлози и мислења на анкетни листови од архивата во општинската зграда.

Графичкиот прилог на предлог-планот е поставен на огласната табла пред зградата на Општина Кочани и на веб-страницата на Општина Кочани – www.kocani.gov.mk