Врз основа на член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти , како и планови и програми од областа на животната средина (Сл.Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11) Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното известување: Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека Градоначалникот на Општина Кочани донесе Одлука за организирање на јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ГРАД КОЧАНИ ОПШТИНА КОЧАНИ Се известува засегнатата јавност на Општина Кочани дека

Јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена за ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ГРАД КОЧАНИ ОПШТИНА КОЧАНИ

ќе се одржи на ден 12.05.2015 г. (вторник) со почеток во 12,30 часот, во просториите на Општина Кочани, во салата на Советот на Општина Кочани. 

Извештајот за стратегиска оцена ќе биде ставен на јавен увид на засегнатата јавност на веб страната на Општина Кочани www.kocani.gov.mk, во периодот од 23.04.2015 год. до 23.05.2015 год., а може да се разгледа и во просториите на Општина Кочани во одделението за урбанизам и заштита на животна средина , на ул. Раде Кратовче бр. 1, секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот.

Општина Кочани ја информира засегнатата јавност дека во текот на 30 дена , од денот на објавувањето на споменатите документи, може да доставува мислења по истите, по електронски пат на маил адреса info@kocani.gov.mk, по пошта , или преку архивата на Општина Кочани.