Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко
планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/2014, 44/2015, 193/2015 , 31/2016
,163/16, 64/18 и 168/18 ) , Градоначалникот на Општина Кочани го издава
следното

С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се организира
јавна презентација и јавна анкета по Урбанистички план вон населено место
за изградба на фотоволтаични централи на дел од КП 19/1 и КП 19/2 КО Тркање,
Општина Кочани , плански период 2019-2029 предлог план со Технички број
0801/107/19 од мај 2019, со површина 18,14 ха , изработен од БИЛД УРБАН
ДООЕЛ Скопје .

Урбанистичкиот план вон населено место за изградба на
фотоволтаични централи на дел од КП 19/1 и КП 19/2 КО Тркање, Општина
Кочани , плански период 2019-2029 се наоѓа на територијата на Општина Кочани,
западно од зоната за лесна индустрија и мало стопанство.
Границите на планскиот опфат се следните:
‐ на север границата започнува од точката 1 на границата меѓу КП19/1 и КП416 и ја
сече КП19/1 во источен правец сѐ до точката 127, на границата на КП19/1 и КП855,
КО Тркање, Општина Кочани;
‐ на исток границата започнува да се движи во јужен правец долж границата на
КП19/1 со КП855, КП856, КП3473 и КП19/3, па продолжува долж границата на
КП19/2 со КП3473, КО Тркање, Општина Кочани, сѐ до најјужната точка 159;
‐ на југ границата започнува да се движи во западен правец долж границата на
КП19/2 со КП3473, па продолжува во истиот правец долж границата на КП19/1 со
КП3473, сѐ до точката 192;
‐ на запад границата започнува да се движи во северен правец долж границата
меѓу КП19/1 со КП430, КП429, КП428, КП427, КП426, КП425, КП424/2, КП424/1,
КП417 и КП416, сѐ до почетната точка 1.
Во своите граници планскиот опфат целосно јаопфаќа КП19/2, како и дел од КП19/1
и помали делови од КП3473, КО Тркање, Општина Кочани.

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
по Урбанистички план вон населено место за изградба на
фотоволтаични централи на дел од КП 19/1 и КП 19/2 КО Тркање, Општина
Кочани , плански период 2019-2029 предлог план, ќе се одржи на ден
28.05.2019г. со почеток во 1200 часот во салата на советот на Општина
Кочани.

ЈАВНА АНКЕТА
по Урбанистички план вон населено место за изградба на фотоволтаични
централи на дел од КП 19/1 и КП 19/2 КО Тркање, Општина Кочани , плански
период 2019-2029 предлог план ќе трае 9 работни дена , а ќе се спроведе во
периодот од 20.05.2019 год. до 31.05.2019 год. во кој рок заинтересираните
физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да
достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои
можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, од веб страната на
Општина Кочани, или во електронска форма преку информацискиот систем е-
урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копие од катастарски
план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.
Графичкиот прилог од деталниот урбанистички план ке биде изложен на
огласна табла пред влезот на зградата на Општина Кочани , на веб страната на
општината www.kocani.gov.mk. , а подетални информации во врска со
урбанистичкиот план ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и
заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.

Линк до графичкиот приказ