Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко
планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/2014, 44/2015, 193/2015 , 31/2016
,163/16, 64/18 и 168/18 ) , Градоначалникот на Општина Кочани донесе

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека Градоначалникот
на Општина Кочани донесе Одлука за организирање јавна презентација и јавна
анкета по Детален урбанистички план за градска четврт 14 од ГУП за град
Кочани , Општина Кочани , плански период 2019-2024 предлог план со Технички
број 0801/627/18 од март 2019, со површина 40,21 ха , изработен од БИЛД УРБАН
ДООЕЛ Скопје .

Детален урбанистички план за Градска Четврт 14 од ГУП за град Кочани
, Oпштина Кочани, плански период од 2019-2024г. се наоѓа во јужниот дел од
град Кочани .

Границите на планскиот опфат се следните:
‐ на исток границата започнува од најсеверната точка 1 и се движи во јужен правец
долж осовината на коритото на Кочанска Река , при тоа сечејќи ги КП16759/1 и
КП16881, се до најјужната точка 48 (точка на тромеѓето на КП16759/1, КП16670 и
КП16902, КО Кочани, Општина Кочани).

‐ на југ границата е воедно и дел од јужната граница на ГУП на Град Кочани,
започнува од точката 48 и се движи во западен правец, долж северната граница на
профилот на магистралнот пат „А3“ (Штип – Кочани – Делчево), односно по
границите на КП16670, КП16671 и КП16672 со КП16902, сѐ до прекршната точка 59.
Оттука, скршнува во северен правец, отпрвин долж границата на КП16672 со
КП16698/1 – до точката 60, а потоа сече сечејќи ја КП16772 во северен правец, сѐ
до точката 61 на осовината на државната железничка пруга „Д‐II“ (Соколарци –
Кочани). Потоа продолжува повторно во западен правец сечејќи ја КП16772, КО
Кочани, Општина Кочани, по осовината на пругата, сѐ до најзападната точка 70.
‐ на запад границата отпрвин ги сече КП16772, КП16682 и КП16898 во северен
правец, сѐ до точката 72 на осовината на улицата „Димитар Влахов“. Оттука се
движи во источен, па во северен правец долж осовината на улицата „Димитар
Влахов“ (при тоа сечејќи ги КП16898, КП16833/1, КП13557/2 и КП13558, КО Кочани,
Општина Кочани), сѐ до точката 100 на крстосницата меѓу сервисната улица
„Димитар Влахов“ и собирната улица „Стево Теодосиевски“, како што се планирани
со ГУП на Град Кочани 2013 – 2023.
‐ на север границата се движи во источен правец долж осовината на собирната
улица „Стево Теодосиевски“, при тоа сечејќи ги КП13558, КП16854, КП13557/1,
КП13556, КП13555/3, КП13555/2, КП13554, КП13541/1, КП13541/2, КП13537/1,
КП13537/2, КП13539, КП16776/1 и КП16759/1, КО Кочани, Општина Кочани, сѐ до
почетната точка 1 на коритото на Кочанска Река.
Улици кои влегуваат во границите на планскиот опфат се следните:
Ул. „ Стево Теодосиевски“, ул. „ Димитар Влахов“, ул. „Иво Лола Рибар“, ул.„
Глигор Апостолов Гочо“ , ул.„ Лазар Андонов“, ул. „ Брегалничка“, ул.„ 8-ми март“.

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА по
Детален урбанистички план за градска четврт 14 од ГУП за град
Кочани, Општина Kочани плански период 2019-2024 предлог план, ќе се
одржи на ден 16.04.2019г. со почеток во 1200 часот во салата на советот на
Општина Кочани.

ЈАВНА АНКЕТА по
Детален урбанистички план за градска четврт 14 Општина Kочани плански
период 2019-2024 предлог план ќе трае 15 работни дена , а ќе се спроведе во
периодот од 12.04.2019 год. до 06.05.2019 год. во кој рок заинтересираните
физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да
достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои
можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, од веб страната на
Општина Кочани, или во електронска форма преку информацискиот систем е-
урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копие од катастарски
план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.
Графичкиот прилог од деталниот урбанистички план ке биде изложен на
огласна табла пред влезот на зградата на Општина Кочани , на веб страната на
општината www.kocani.gov.mk. , а подетални информации во врска со
урбанистичкиот план ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и
заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.

Графички приказ на планот

Текст планска документација