Во согласност со процедурите на Светска банка, на 8 август 2019 година со почеток во 11 ч., во салата на Советот на Општина Кочани ќе се одржи јавна расправа и презентација на проектот за изградба на нова градинка во Кочани.

Целта на  јавната расправа е  граѓаните и засегнатите страни да се информираат за активностите за изградба на нова градинка и за документот  „Првична ограничена оцена на влијанието врз животна средина и социјалните аспекти за изградба на нова градинка“.

Се покануваат сите граѓани, родители, вработени од градинките, социјални работници, невладини организации, граѓански здруженија и други засегнати страни да ја проследат презентацијата на проектот што ја организираат Министерството за труд и социјална политика и Општина Кочани.