Врз основа на член 2 став 1), став 2) и став 3) од Уредбата за описите на категориите и нивоата на работните места на административните службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2014 и бр.147/2014), Секретарот на Општина Кочани, распишува

 

ЈАВНА ОБЈАВА

за ангажирање на лица за вршење работи – достава на акти

со Договор на дело

 

Општина Кочани, распишува јавна објава за ангажирање на најмногу 15 (петнаесет) невработени лица за вршење на работи – достава на акти со Договор на дело.

Лицата кои ќе бидат ангажирани за достава на акти, ќе вршат достава на Решенија за данок на имот за физички и правни лица, Решенија за комунлна такса за физички и правни лица, Опомени за данок на имот или комунална такса и Решенија за одбивање на барања за утврдување на правен статус на бесправен објект.

Доставата ќе се врши на територија на општина Кочани, односно општината ќе исплати паричен надоместок во износ 20 денари од достава на Решенија за данок на имот за физички и правни лица, Решенија за комунлна такса за физички и правни лица со Опомени за данок на имот или комунална такса, а за Решенија за одбивање на барања за утврдување на правен статус на бесправен објект, надоместок во износ 10 денари од уредна достава.

Со секое ангажирано лице ќе се склучи посебен Договор, во согласност на член 619 од Закон за облигациони односи – Договор на дело.

Минимум критериуми и потребна документација за пријавување:

  • Пријава за јавна објава, со лични квалификации – CV (кратка биографија), адреса и телефон за контакт;
  • Лицата кои се пријавуваат да имаат завршено минимум средно образование;
  • Да се невработени лица што ќе го докажат со Потврда за невработено лице, издадена од Агенција за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Кочани;

Јавната објава трае 20 (дваесет) дена од денот на објавувањето, односно од 17.05.2019 година до 05.06.2019 година.

Пријавите со документацијата се доставуваат во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или по пошта на адреса: ул. Раде Кратовче бр.1, 2300 Кочани, Република Македонија.