Општина Кочани преку Одделението за јавни дејности, в четврток, на 5 декември 2019 г. со почеток во 18 ч. организира јавна расправа по предлогот на општинската Програма за спорт за 2020 година. Со почеток во 18:30 часот ќе се одржи и јавна расправа по предлогот на општинската Програма за култура за 2020 година.

Настанот ќе се одржи во Салата на Советот на Општина Кочани.