Врз основа на член 17 став 1, член 28 и член 32 од Законот за јавни набавки (Службен весник на РМ, бр.24 од 17.02.2012 година), како и врз основа на член 9 и член 23 став 3 од Правилникот за услови и начин за давање на користење ствари во сопственост на Општина Кочани (Службен гласник на Општина Кочани бр. 13/09), Комисијата за давање на користење ствари во сопственост на СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани, објавува
Јавен оглас за давање на користење (закуп) на деловна просторија (бифе) со надоместок
1. Давање на користење на деловна просторија со надоместок, сопственост на СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани, со површина од 85 м2, за период од една година.

2. Почетната цена, условите за учество на јавното надавање, рокот за доставување на пријавите, спроведувањето на јавното надавање се дефинирани во тендерската документација, која може да се подигне од архивата на СОУ „Гошо Викентиев“-Кочани.

3. Огласот трае до 30.08.2017 година.

Комисија за спроведување на постапка за давање на користење на ствари во сопственост на СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани