Заврши рокот за пријавување на екипи за учество во Петровденскиот турнир во мал фудбал. На турнирот се пријавија 16 екипи, кои во периодот до 12 јули ќе се натпреваруваат по правилата за мал фудбал.

Натпреварите ќе се одигруваат на спортскиот терен на СОУ „Љупчо Сантов“  во вечерните часови.

В петок, на 21 јуни, во 12 ч. во Салата на Советот ќе се изврши ждребување за групите и редоследот на натпреварите.

За учество на турнирот екипите уплатија котизација од 2 000 денари на жиро-сметката на ОФС Кочани, кој ќе биде реализатор на турнирот.

За трите најуспешни екипи ќе бидат доделени награди во висина од 15 илјади, 30 илјади и 60 илјади денари. Исто така ќе бидат прогласени и најдобриот голман, стрелец и играч на турнирот.

Петровденскиот турнир во мал фудбал е традиционална спортска манифестација на Општина Кочани, за која годинава се издвоени 150 илјади денари од Програмата за спорт.