Почитувани припадници на ромската заедница,

Во името на Општина Кочани и во свое лично име, Ви го честитам 8 Април, Светскиот ден на Ромите и Ви посакувам многу здравје, успех, благосостојба и просперитет.

Општина Кочани останува и понатаму да биде целосно посветена кон достигнувањето повисоки стандарди на полето на образованието, културата, спортот, здравството и во сите области кои се од огромно значење и за Вас Ромите и за општеството во целина.

Честитајќи Ви го празникот, дозволете ми да ги изразам нашите настојувања и активности за унапредување на интеграцијата на Ромите во сите сфери на живеењето и зајакнување на институционалните можности за негување и унапредување на Вашите интереси и културни особености.

Нека Ви е честит празникот!