По повод 23 Мај – денот кој влезе во историјата на Власите на Балканот затоа што во 1905 година тие се признати како посебен народ во Отоманското Царство, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев упати честитка во која се вели:

– На сите припадници на влашката заедница во нашата држава им го честитам овој голем ден со искрени желби за понатамошен успех во промоцијата и негувањето на влашката култура и традиција на овие простори.

Со славењето на овој ден оддаваме почит кон вековната борба за промоција на влашката заедница и потврдувањето на нејзините идентитетски, традиционални и културни вредности. 

Придонесот на Власите во унапредувањето на меѓусебните односи отсекогаш претставувал пример за успешно градење на мултиетничко и мултикултурно општество.

Во оваа прилика сакам уште еднаш да ги повторам моите искрени честитки и заложби за општа благосостојба, меѓусебно почитување и разбирање, мир и здравје на сите – стои во честитката од градоначалникот Илијев.