Во рамките на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието, договор за партнерство потпишаа Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани со истоименото од прилепското село Канатларци.

Директорите Весна Зашова и Јусуф Ахмет очекуваат соработката во реализација на заеднички активности да придонесе за запознавање со културата, традициите и да го јакне соживотот меѓу учениците и вработените од двете училишта.

Во ОУ „Кирил и Методиј“ од Канатларци учат 174 ученици на турски и на македонски јазик, а во кочанското 860 ученици со настава на македонски.

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието работи на создавање политичка, социјална и економска клима потребна за да се постигне одржлива интеретничка интеграција во училиштата, во останатите образовни институции, па и во целото општество.