Училишната спортска сала „Никола Карев“ се наоѓа во дворот на ОУ „Никола Карев“, во централното градско подрачје.

Овој спортски објект е пуштен во употреба на 21 март 2013 година и е дел од проектот на Министерството за образование и наука за изградба и опремување на 145 спортски сали во државава.

Училишната спортска сала „Никола Карев“ е наменета за малите спортови, има кабинети, гардероби, реквизити и е со капацитет од 500 седишта во публиката.

Се користи за одржување на часовите по Физичко и здравствено воспитување за учениците од ОУ „Никола Карев“ и за потребите на неколку спортски клубови од Кочани