На крајот на календарската година, градоначалникот Ратко Димитровски ја одржа традиционалната средба со претставниците на медиумите.

– Ние често сме заедно, но на оваа средба разменуваме мислења за информирањето во текот на целата година. Општината секогаш е отворена за соработка, ние сме сервис на граѓаните, а вие, медиумите се дел од нашето работење. Задоволен сум од соработката што ја имавме и сакам таа да биде уште подобра и догодина – рече на средбата градоначалникот Димитровски.

Претставниците на локалните медиуми од Кочани го истакнаа обостраното задоволство од соработката, додавајќи дека тие остануваат да бидат барометар за мислењето на граѓаните, а критиките што ги упатуваат да бидат сфатени добронамерно, за да се најде најдоброто можно решение за одредени состојби.

Вообичаено, градоначалникот им додели пригодни подароци на новинарите и снимателите.