Територијалната противпожарна единица – Кочани, апелира пред почетокот на грејната сезона граѓаните да ги исчистат оџаците за да се избегне појава на пожари.

Упатувајќи го апелот, командирот на Територијалната противпожарна единица, Дејанчо Арсов истакна дека минатата година имало 23 интервенции за гасење оџаци.

– Додека се добри временските услови граѓаните нека ги исчистат оџаците за да не се создадат причини за интервенции од поголеми размери – повика Арсов.

Во текот на оваа година ТППЕ – Кочани имала 195 интервенции, бројка којашто е поголема во однос на претходните години.

Кочанските пожарникари имале 123 интервенции на пожар на отворен простор, 38 интервенции на објекти и 34 технички интервенции.

Според Арсов, опожарена е површина од 275 хектари. Најголем дел од неа се наоѓа на територијата на Чешиново-Облешево, каде Противпожарната единица имала 29 интревенции. На територијата на Зрновци се регистрирани 11 интервенции.