Територијалната противпожарна единица – Кочани, апелира граѓаните да ги исчистат оџаците за да се избегне појава на пожари.

– Неисчистените димници се најчеста причина за пожари во зимската сезона. Во текот на оваа календарска година имавме 24 интервенции на запалени оџаци, а од октомври досега две. Додека се добри временските услови граѓаните нека ги исчистат оџаците за да не се создадат причини за интервенции од поголеми размери – повика Дејанчо Арсов, командир на Територијалната противпожарна единица во Кочани.