Врз основа на член 23 став 1 и 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.51/2005,137/2007, 91/2009, 124/2010, 18/2011 , 53/11 , 144/2012, 55/13, 163/13 и 42/14) Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека Градоначалникот на Општина Кочани донесе Одлука за организирање стручна расправа по: 1.Генерален урбанистички план за град Кочани, Општина Кочани нацрт план 2013-2023 со Тех бр. 186/13 , изработен од ДПУП „ БИЛД “ ДООЕЛ Скопје. Површината на палнскиот опфат изнесува 1041,91 ха. Границате на планскиот опфат е претставена описно со координтите на секоја прекршочна точка, од 1 до 1420, претставени табелерно;

Стручна расправа по Генерален урбанистички план за град кочани Општина Кочани

ќе се одржи на ден 12.05.2015 г. (вторник) со почеток во 1130 часот во просториите на Општина Кочани , во салата на Советот на Општина Кочани.

Се известуваат органите на државната управа и другите правни лица кои ги вршат работите од областа на образованието, земјоделството, водостопанството, заштитата и спасувањето, противпожарната заштита , здравствената заштита, транспортот и врските и државните патишта како и правните лица кои вршат комунални работи односно стопанисуваат со комуналните инфраструктурни мрежи како што се водовод, канализација, топловод, електрично напојување, фиксна телефонија и други заинтересирани лица од подрачјето опфатено со планот, дека можат да достават забелешки по нацрт планот , во рок од 10 дена од одржувањето на јавната расправа.Доколку во наведениот рок истите не се доставени , ќе се смета дека не намаат забелешки на планското решение.

Графичкиот прилог на Нацрт планот ке биде изложен на огласна табла пред зградата на Општина Кочани, и на веб страната на општината www.kocani.gov.mk., а подетални информации можат да се добијат во одделение за урбанизам