По повод 1 Април, Денот на шегата, на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа традиционалната „Априлијада“.

Во програмата, маскирани настапија децата од големите групи во Детската градинка „Павлина Велјанова“, ученици од основните училишта во Кочани и од Јазичниот центар „Амичи“.

Учесниците ги поздрави многубројната публика, а од името на организаторот, Општина Кочани на сите деца им беа посакани радост, шеги и среќни мигови.

Првоаприлската манифестација традиционално ја организира Одделението за јавни дејности од Општина Кочани со средства од Програмата за поддршка на образованието за 2019 година.