Им се соопштува на граѓаните на Општина Кочани кои атмосферската канализација од индивидуалните и колективни станбени објекти и други помошни објекти ја имаат приклучено преку олуците во фекалната канализација, чија намена не е за атмосферски води, да ги исклучат таквите приклучоци од фекалната канализација, бидејќи при пообемни врнежи од дожд доаѓа до затнување и излевање на фекалната канализација.
СООПШТЕНИЕ
Забраната за испуштање на отпадни води од домаќинства и индустриски отпадни води во системот на атмосферската канализација, односно испуштање на атмосферски води во канализацискиот систем за отпадни води од домаќинства и индустриски отпадни води е регулирана со чл. 23 ст.(1) ал.11 од Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/2004, 28/2006, 103/2008, 17/2011, 54/2011, 163/2013, 10/2015 и 147/2015).

Прекршувањето на оваа забрана подлежи на прекршочни санкции согласно Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води.

Општина Кочани

Одделение за правни и општи работи