Поради дефект на главниот потисен цевковод на водоводната мрежа, КЈП „Водовод“ – Кочани ги известува граѓаните дека ќе има целосен прекин на водоснабдувањето.

Дефектот е лоциран, а службите работат на негово отстранување.

КЈП „Водовод“ се извинува за несаканиот прекин на водоснабдувањето и повикува на трпение и смиреност.