Почитувани сограѓани, почитувани корисници,

Следејќи ги најновите препораки на Владата за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот согласно информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и на препораките на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ:

  1. Сите Ваши потреби со службите на КЈП,,Водовод,,Кочани да ги извршувате преку телефон или со електронски пораки (е-маил)
  2. Плаќањето да го вршите преку електронска наплата на веб-страницата на претпријатието (office@vodovodkocani.com.mk) или електронските банкарства на Вашите банки. Наплатниот пункт во Центарот за односи со корисниците при КЈП „Водовод“ – Кочани е во функција и во крајна потреба можете да го користите, како и некој од досегашните начини на наплата.
  3. За сите проблеми да ги контактирате Раководителите при КЈП „Водовод“ – Кочани по телефон и тоа:

 

Проблеми со водоводни и канализациски инсталации (дефекти, истекувања, нови приклучоци и слично):

Давор Стојмилов: 076/484-208

Проблеми од правна природа (извршувања, тужби, нотарски платни налози, договори опомени и слично):

Ксенија Басовска: 071/215-448

Проблеми поврзани за сметките кои ги добивате од КЈП,,Водовод,,Кочани (корекции, грешки, барања и слично)

Лазо Тодоров: 076/362-658

Раководителите ќе одговорат на Вашите прашања и проблеми ќе Ве упатат во понатамошните постапки.

Фиксен телефон портирница: 033/279-101 моб. 076/362-712

Отворена електронска пошта: office@vodovodkocani.com.mk

 

Исто така, Ве известуваме дека читачите на водомери нема да вршат читање на Вашите водомери кои се наоѓаат во вашите домови туку само водомери кои се наоѓаат во шахта надвор од вашите домови. Доколку сакате да добиете сметка со точна состојба на водомерите, истата може да ја пријавите на читачите на водомери, на фиксниот телефон или на раководителот на Пласман продажба и наплата (Лазо Тодоров 076/362-658 или Благој Захариев 076/484-207).

Се надеваме дека ќе ги почитувате нашите препораки, Ви благодариме за разбирањето.

КЈП „Водовод“ – Кочани