Општина Кочани соопштува дека согласно објавениот Конкурс бр.08-230/2 од 28.1.2016 година за доделување на 1 (една) стипендија на спортист–спортска надеж на општина Кочани, врз основа на спроведената постапка согласно Правилникот за доделување на стипендии на спортист-спортска надеж на општината Кочани бр.08-498/1 од 23.02.2010 година, Правилник за измени на Правилникот за доделување на стипендии на спортист-спортска надеж на општината Кочани бр.01-58/1 од 04.01.2011 година и Правилник за изменување и дополнување на Правилник за доделување на стипендии на спортист-спортска надеж на општината Кочани бр.08-2553/2 од 30.12.2015 година и врз основа на предложената ранг листа од Комисијата за доделување на стипендија на спортист- спортска надеж на општина Кочани до Градоначалникот, Градоначалникот на општина Кочани ја прифати предложената ранг листа и донесе Одлука бр.08-230/5 за доделување на 1 (една ) стипендија на спортист- спортска надеж на општина Кочани која се доделува на спортистот Мартин Душко Стојменов од Кочани за остварени спортски резултати во спортска дисциплина-карате на национални и меѓународни натпревари во 2015 година.

Соопштение за доделување стипендија на спортист -спортска надеж на општина Кочани

Стипендијата се доделува за време од 6 (шест) месеци, во текот на 2016 година.

Износот на стипендијата изнесува 3.000,00 денари месечно, а исплата ќе се врши почнувајќи од месец Април и завршува со месец Септември. Средствата ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кочани.

Со спортистот Мартин Душко Стојменов од Кочани, член на Карате Клуб Партизан од Кочани е склучен договор бр.08-230/7 од 16.03.2016 година со кој подетално се уредуваат начинот и условите за користење на стипендијата.

Кочани, 25.03.2016 година

Општина Кочани

Одделение за јавни дејности