В среда, на 13 март 2019 година, со почеток во 9 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 23. седница со следниот предлог-дневен ред:

  1. Разгледување на завршните сметки за 2018 година на општинските основни и средни училишта за 2018 година, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ и ЈОУ Библиотека „Искра“;
  2. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Кочани за 2018 година;
  3. Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2018 година;
  4. Извештај за реализација на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација во општина Кочани во 2018 година;
  5. Извештај за реализација на Програмата за изградба и реконструкција на системи за водоснабдување на подрачјето на општина Кочани во 2018 година; 6. Завршна  сметка на Буџетот на Општина Кочани за 2018 година;
  6. Годишен извештај на Општина Кочани за 2018 година;
  7. Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани во 2018 година;
  8. Завршна сметка на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2018 година;
  9. Одлука за распоредување на нето-добивката остварена во годишната сметка за деловната 2018 година;
  10. Годишен план за вработување во Општина Кочани за 2020 година;
  11. Предлог-одлука за покренување постапка за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Кочаниод од сите ризици и опасности.