Состојбата со боровиот четник во Кочани е на загрижувачко ниво, а доставената информација од ЈП „Македонски шуми“ – подружница Кочани, која ја разгледуваше Советот на Општината, на 32 седница, повторно го вклучи алармот за состојбата.

Советот беше едногласен: потребна е силна интревенција кај повисоките државни инстанци.

Членовите на Советот предлагаа да се изработи сериозна анализа на состојбата, со конкретни мерки за решавање, па и финансиска поткрепа од Општината.

Претседателот на Советот, Јордан Димитров предложи неодамна испратените заклучоци на Советот до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, повторно да се се упатат на истата адреса.

Во нив стои: Советот на Општина Кочани бара од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во најкраток можен рок да изврши третирање на боровиот четник на подрачјето на општина Кочани.

Советот на Општина Кочани бара од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да направи стратегија за етапно заменување на боровата шума со други видови култури на локациите на подрачјето на општина Кочани подложни на боров четник.